Европскиот вицепрвак и францускиот шампион, Пари Сент Жермен му врачил отказ на германскиот стручњак Томаш Тухел, пренесуваат германски „Билд“ и францускиот „Л`екип“.

Клубот од „Паркот на принцовите“ наскоро треба да ја официјализира разделбата со Тухел кој не ги задоволил челниците на ПСЖ, со начинот на работа оваа сезона. Отказот е зачудувачки, затоа што ПСЖ минатата сезона под негово водство стигна до финалето во Лигата на шампионите и ја продолжи доминацијата во националниот шампионат.

Како најсериозен кандидат за клупата на ПСЖ се смета Маурицио Почетино. Аргентинскиот стратег моментално е без тренерски ангажман, што значи дека без проблем со клаузули или обештетување ќе може да го преземе кормилото во францускиот клуб.

OhridNews