Фудбалерите на ПСЖ се победници на францускиот Суперкуп, откако синоќа во финалето во Тел Авив го совладаа Нант со 4-0.
За трофејот се бореа првакот ПСЖ и освојувачот на националниот Куп, а клубот од Париз рутински ја освои првата титула во новата сезона.
ПСЖ поведе во 22 минута со голот на Лионел Меси, на 2-0 зголеми Нејмар од слободен удар на крајот на полувремето, Серхио Рамос беше прецизен за 3-0 во 57 минута, а конечниот резултат го постави Нејмар од пенал во 82 минута.
За ПСЖ ова е 11 трофеј во Суперкупот и деветти во последните десет изданија.
OhridNews