Екипата на Лил славеше во француското супер дерби, победувајќи го Пари Сент Жермен на „Паркот на Принцовите“ со минимални 1-0. Со трите бодови од директната пресметка во Париз, Лил се одлепи три бодови од конкурентот и обезбеди добра предност во пресрет на финалните седум рунди од францускиот шампионат.
Гостите погодокот за победа го постигнаа во 20-та минута. Стрелец на погодокот кој се покажа одлучувачки во супер дербито беше Џонатан Давид. Мечот покрај победа на Лил го одбележа црвениот картон на Нејмар. Бразилецот речиси пред крајот на натпреварот поради неспортски однос доби втор жолт картон и предвреме го заврши дуелот. Нејмар тешко го поднесе исклучувањето и поразот и влезе во конфликт со лицата од Лил, кои се наоѓаа во тунелот.
OhridNews