Францускиот првак Пари Сент Жермен е првиот патник во финалето од Лигата на Шампиони. „Светците“ во полуфиналето од завршниот турнир кој се игра во португалскиот град Лисабон, го совладаа Лајпциг со 3-0, полувреме 2-0.
ПСЖ најде лек и го скроти германскиот состав кој сезонава е најпријатно изненадување во ЛШ. Французите играа висок пресинг не оставајќи му ниту мал простор за игра на противникот. Наградата за добрата игра стигна во 13-та минута кога дефанзивецот Маркињос со глава ја погоди мрежата и го отвори резултатот. Во финишот од првиот дел, избраниците на Томаш Тухел му го зададоа вториот удар на Лајпциг. Нејмар со маестрална асистенција го проигра Ди Марија кој не погреши и зголеми на 2-0. Шлаг на победата вредна пласман во финалето беше третиот погодок кој го реализираше Бернат.
Дрим тимот на ПСЖ за прв пат ќе биде дел од финале во ЛШ, а, кој ќе му биде противник ќе дознае после полуфиналето помеѓу Баерн Минхен – Лион.
OhridNews