Раководството на ПСЖ е задоволно од изданијата на напаѓачот Лионел Меси. Клубот е подготвен да му понуди на Аргентинецот нов двегодишен договор.
Според новинарот Лоик Танзи, спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Луис Кампос сака Меси да продолжи да игра за парижаните. Официјалните преговори може да започнат по Светското првенство во Катар, доколку Меси продолжи со успешни настапи.
Во тековната сезона, аргентинскиот фудбалер постигна четири гола и седум асистенции за ПСЖ во сите натпреварувања на девет натпревари.
Актуелниот договор на 35-годишниот Меси истекува во јуни 2023 година.
OhridNews