Францускиот првак Пари Сент Жермен ја менува политиката во клубот и најави дека нема да им попушта или пак прогледува низ прсти на супер ѕвездите во екипата. Промената на плочата најави првиот човек на клубот Насер Ал Келаифи.
Фудбалерите ќе мора да ги исполнуваат обврските кон клубот повеќе отколку што беше тоа во минатото. Нивниот пристап во екипата треба да биде потполно променет. Тие ќе мора повеќе да работат и повеќе да се трудат. Во ПСЖ не се дојдени да се забавуваат и ако не се согласуваат со новиот метод на работа вратата за заминување е отворено. – изјави Келаифи.
Оваа изјава најмногу се однесува до Нејмар и Килијан Мбапе. Бразилецот последниов период повеќе ги полнеше страниците од таблоидите за случувањата надвор од теренот а Французинот на крајот сезоната влезе во караница со тренерот и останатите структури и беше префлен во втората екипа.
ПСЖ минатата сезона ја освои титулата во националниот шампионат но во Лигата на Шампиони не успеа да го помине Манчестер Јунајтед кој во Париз победи и обезбеди пласман во ТОП 8.
OhridNews