Францускиот првак Пари Сент Жермен по секоја цена го посакува Лионел Меси во составот за следната сезона.
„Светците“, како што пренесува реномираниот весник „Л`Екип“ подготвени се да го жртвуваат Килијан Мбапе да ги остварат своите намери. Репрезентативецот на „триколорите“ би требало за 180 милиони евра да замине од Париз, а како клубови заинтересирани за него се споменуваат Реал Мадрид односно Ливерпул.
Меси во Париз би се преселил како слободен агент без оштета, но ќе добие голема плата. Аргентинецот од Ноу Камп најави заминување уште минатото лето, но остана уште една сезона, после закопувањето на копјата со управата на Барселона.
OhridNews