Фудбалерите на Пари Сент Жермен, подготовките за завршницата од Лигата на Шампиони и новата сезона во француската Прва лига ја започнаа со убедлив триумф над Ле Авр (9-0). „Светците“ одиграа две фуриозни и ефикасни полувремиња. Во првиот дел Икарди, Нејмар и Мбапе искомбинираа пет погодоци, додека во вториот дел стрелаа Гује, Сарабија (два пати) и Калимуендо.
Натпреварот се одигра пред 5 000 гледачи, откако француската Влада дозволи публика на спортските настани.
Завршницата од ЛШ ќе се одигра во август месец. ПСЖ во 1/4 финалето ќе се сретне со италијанскиот клуб, Аталанта.
OhridNews