Тековната сезона може да биде последна за германскиот стратег Томаш Тухел на клупата од Пари Сент Жермен. Управата на „светците“ полека ја губи довербата во Тухел кој во Париз беше доведен за освојување на титулата во Лигата на Шампиони.
Тухел не успеа во своите обиди да стигне до тронот во ЛШ, но во францускиот клуб повеќе се загрижени од лошата комуникација помеѓу тренерот-играчите. Голем број од играчите не се задоволни од методите и работата на Германецот.
„Светците“ започнале со процес за ангажман на нов тренер. Одлуката „паднала“ на искусниот стратег Масимилијано Алегри. Како што пренесуваат француските медиуми, двете страни оствариле контакти и помеѓу нив има расположние за соработка.
Алегри е слободен тренер после заминувањето од Јувентус. „Старата дама“ со него на клупата стигна до две финалиња но не успеа да победи. Подобри од италијанскиот гигант во финалните натпревари беа Барселона односно Јувентус.
OhridNews