Јужнокорејскиот музичар Psy во неделата се врати во татковината и најави дека е подготвен за објавување на долгоочекуваното продолжување на неговиот голем хит Gangnam Style.
„Ги завршив подготовките за новата песна и сега сум растргнат меѓу двете песни“ изјави Psy за новинарите веднаш по слетувањето на аеродромот Гимпо во Сеул.
„Едната остава впечаток сличен на Gangnam Style, а другата сосема поинаков впечаток. Сега размислувам, за тоа која е подобра: многу сличната или сосема различната“, изјави Psy и додал дека и за двете веќе ги подготвил танцовите чекори.
Претходно Psy најави дека продолжението ќе биде објавено на 13-ти април, и тоа истиот ден ќе биде проследено со голем концерт со наслов „Happening“ на фудбалскиот стадион „Seoul World Cup“, за кој влезниците почнаа да се продаваат на 11-ти март. Меѓутоа, локалните медиуми велат дека сега размислува за тоа во Јужна Кореја песната да ја објави ден претходно, во знак на благодарност за своите јужнокорејски обожаватели.
35-годишниот рапер со цело име Парк Јае-Санг светската слава ја стекна со видеото Gangnam Style кој го освои светот поставен на 15-ти јули 2012 година стана најгледаното видео YouTube кој во март 2013 година веќе достигна 1,4 милијарди гледања.
извор:„Макфакс“