Холандскиот прволигаш ПСВ од Ајндховен ќе тргне во лов на македонскиот репрезентативец Агим Ибраими, кој настапува за словенски Марибор.

Македонецот со одлични игри го привлече вниманието, а целосно го сврти по одличниот настап во Супер купот на Словенија каде Ибраими ја имаше клучната улога во триумфот на Марибор против Олимпија 3-0.

Понудите на адресата на Ибраими се зголемуваат, а тој треба да ја одбере најдобрата за продолжување на формата која најмногу ќе ги израдува македонските навивачи.

Мх.П.