ПСУ „Јахја Кемал“ ја продолжува традицијата на меѓународната сцена овојпат дел од Олимпијадата „Genius 2023 project Olympiad“ која е домаќин на проекти во пет општи дисциплини со фокус на животната средина. 726 проекти од над 60 различни земји и 1100 учесници се пласираа во последниот дел од Олимпијадата.

Технолошкиот институт Рочестер кој е домаќин на Олимпијадата продолжува да ја поддржува истата преку програмата за стипендирање. Учесниците и добитниците на наградите на „Genius 2023 project Olympiad“ ќе имаат право стипендии, велат од ПСУ „Јахја Кемал“.

Меѓу стипендираните ученици се:

1. Атина Рувинова – златен медал, проект „Детектор за болести со здив“ категорија – Наука, стипендија од 20.000 американски долари.
2. Каја Здравеска – бронзен медал, категорија пишување, стипендија од 15.000 долари.
3. Дорант Ајро и Лиси Коџаџику – бронзен медал, проект „Био-дизел и производство на био-дизел“ категорија – Наука, стипендија од по 15 000 американски долари.
4. Матеа Пеева – благодарница, проект „Отстранување на арсен од вода“, категорија – Наука, стипендија од 14.000 американски долари.
5. Марко Пејов – благодарница, проект „Иновативна синтеза на AGBIS2 фотоапсорбирачки филмови за еколошки соларни ќелии“ категорија – Наука, стипендија од 14.000 американски долари.
6. Верона Ајро – учесник финалист, категорија пишување, стипендија од 12.000 американски долари.

Посебно внимание привлече проектот на Атина Рувинова „Детектор за болести со здив“, кој доби препорака да го заштити пронајдокот, потенцираат од ПСУ „Јахја Кемал“.

Инаку, Олимпијадата „Genius 2023 project Olympiad“ е меѓународен натпревар за средношколски проекти за еколошки прашања. Основана е од Terra Science and Education, а домаќин е Технолошкиот институт Рочестер.

OhridNews