Новиот снег кој наврна во текот на изминатите два дена, во содејство со силниот североисточен ветар, повторно го блокираа превојот Баба на Галичица, информираат од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.
Апелираме до граѓаните, да не се обидуваат со возила да го минуваат овој превој и се надеваме дека метео условите за брзо повторно ќе бидат поволни, а патниот правец прооден за возила, посочуваат.
Апелот доаѓа по последниот случај во кој две лица од Чешка беа извлечени со нивниот кампер „мерцедес“ од снежен нанос на подрачје на Националниот парк Галичица.
OhridNews