Приказната за сензацијата од Јужна Кореја, раперот Псај, и неговиот глобален успех кој го постигнал со помош на нумерата „Гангнам Стајл“ била овековечена во стрипот “Fame:Psy”. Стрипот, кој веќе се наоѓа во продажба во САД и Јужна Кореја се фокусира воглавно на нумерата „Гангнам Стајл“ која го одвела раперот до врвот на светската слава, а спотот за нумерата станал најгледано видео на Јутјуб со повеќе од 1,5 милијарди прегледи.
Исто така во стрипот бил опфатен и периодот кога Псај имал кариета само во Јужна Кореја, за почетоците на снимањето на спотот и коњскиот танц, славата која следела, а вклучува и сцени кога Псај го учи генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун да го игра популарниот танц, како и коњскиот танц во изведба на претседателот на САД Барак Обама.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com