Иако летото најавувал потенцијална соработка со Брајан Меј, со оглед на тоа дека е голем фан на групата Квин, корејската сензација Псај сега најавува нова, поинаква рок соработка, дует со Стивен Тајлер, фронтменот на групата Аеросмит. Во разговор за „L’Uomo Vogue“, Псај изјавил дека веќе снимил песна со Тајлер, кого го обожавал уште додека одел на училиште кога Аеросмит ги лансирал хитовите ‘Crazy’ и ‘Amazing’.

Исто така рекол дека тие биле неговите животни идоли и дека сега соработувал со нив, заклучувајќи дека го сака својот живот. Во план имал уште неколку големи соработки, бидејќи моментално снимал во Лос Анџелес, но како зошто и со кого ќе дознаеме оваа зима кога Псај ќе го промовира новиот материјал. Во меѓувреме, ‘Gangnam Style’ се приближува до бројката од две милијарди прегледи на Јутјуб.