Гвинет Палтроу и Крис Мартин се сретнале со корејскиот рапер Псај на гала вечера во Метрополитен музејот и го замолиле да се фотографираат со него. Псај се согласил, иако според зборовите на актерката немал поим кои се тие. Гвинет на Твитер напишала дека нивните деца го обожаваат, па му пришле да се фотографираат со него. Љубезно прифатил, иако се гледало дека не знае кои се тие.

Псај истите фотографии подоцна ги ставил на својот профил. Веројатно некој во меѓувреме му објаснил дека разговарал со добитничка на Оскар и со музичар чиј последен албум бил продаден во осум милиони примероци.