Првиот ден од полагањето на Државната матура помина во најдобар ред. Набљудувачите од Министерството за образование, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар не регистрираа никакви проблеми во текот на првиот испитен ден од јунскиот испитек рок.

Министерството за образование и наука вчера соопшти дека за денешното полагање биле пријавени 18.626 ученици матуранти. Македонски јазик и литература полагаа 13.123 кандидати, албански јазик и литература 4964 ученици, додека турски јазик и литература полагаа 539 матуранти. 

Во понеделник, 14.06.2010 година во сите средни училишта во Република Македонија ќе се полага вториот изборен предмет.  Англиски јазик ќе полагаат 14 767 ученици, за полагање француски јазик се пријавиле 463 матуранти, германски јазик ќе полагаат 166 ученици, додека за полагање руски јазик се пријавиле 63 кандидати. Предметот математика ќе го полагаат 2956 матуранти, за полагање на предметот филозофија се пријавиле 29 кандидати, додека за предметот естетика се пријавиле 84 матуранти.

OhridNews
Извор:”МИА”