Првото новородено дете годинава во Струга е машко. Бебето се родило на 1 јануари околу 18 часот и 30 минути во општата болница. Тешко е 3.450 килограми, а долго 50 сантиметри. Среќните родители се Миранда и Беким на кои ова им е прва рожба.


Традиционално, градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко го посети гинеколошкиот оддел во струшката болница при што на  мајката и подари цвеќе и штедна книшка во вредност од 10.000 денари, посакувајќи здравје, долг и среќен живот на детето и на сите останати.


Инаку, во текот на 2008 година беше зголемен бројот на  новородени бебиња во Струга во однос на претходната година. Во 2008 година се родени 725 бебиња, а во 2007 само 655.

Ohridnews