Здраво девојче прво дојде на свет во Охрид во новогодишната ноќ.

Лекарите од Општата болница немале многу работа во изминатото деноноќие, освен вообичаени интервенции. Неколку лица се јавиле во болницата поради предозираност со алкохол, но по третманот биле пуштени на домашно лекување.

И од итната помош информират дека новогодишната ноќ минала вообичаено и без посебни интервенции.

Професионалната противпожарна единица од Охрид во новогодишната ноќ имала една интервенција. Во населбата Св. Стефан се запалила барака на поради дотраена инсталација, но со брза интервенција пожарот веднаш бил локализиран.

Ohridnews