Првото бебе што се роди во Охрид во новата 2019 година, е машко. И мајката и новороденчето се добри, информираат од охридската Општа болница.

 

Утрово во 10.10 часот на одделението за гинекологија со царски рез на свет дојде здраво машко бебе. Тешко е 3,6 килограми, а долго 51 сантиметар. И бебето и мајката се чувствуваат добро.-изјави за OhridNews директорката на охридската општа болница Славица Малеска Стојадиновиќ.

Се очекува претставници од локалната самоуправа да ги посетат мајката и новороденчето и им доделат пригоден подарок.

OhridNews