Првото клонирано куче на светот стана татко на легло на кученца, што воедно и претставува прво успешно оплодување на клонирани кучиња, објавија во четвртокот јужнокорејските научници.
Снупи, авганистански рт, успешно оплоди две женки од иста раса благодарејќи му на вештачкото оплодување, пишува во соопштението на научниците од националниот универзитет во Сеул (СНУ).
Во леглото од десет кученца, окучени помеѓу 14 и 18 Мај, девет преживеаа.
„Тоа е првпат на да се окотат кученца од клонирани родители“,изјави шефот на екипата Ли Бјунг – Чун.
Екипата на СНУ се прослави со клонирањето на Снупи во Октомври 2005.