Аукциската куќа Кристис ќе го понуди на продажба првото издание на книгата на Чарлс Дарвин „За потеклото на видовите“, која со години лежела на полиците од гостискиот тоалет во семејна куќа во Оксфорд.


Книгата е печатена 1859 година и е еден од 1 250-те примероци. На продажба оди од вторник, на 150 годишнината од првото печатење. Се очекува дека ќе постигне цена од околу 70 000 евра. Дарвиновото дело зборува за неговата теорија на природна селекција која стана темел на модерните разбирања за еволуцијата.