Првото издание на „Хобит„ со рачно испишана порака на британскиот книжевник Џ. Р. Р. Толкин е продаден на аукција на Сотби за 137 илјади фунти. Книгата била подарок на пистелот и е посветена на Мис Кетрин Килбрајд, една од неговите студентки на универзитетот Лидс во текот на дваесеттите години од минатиот век. Текстот на виловњачки јазик, кој го измислил Толин, е исечокт од неговата недовршена песна “The Lost Road”.
Книгата од 1937 година го соборила претходниот аукциски рекорд за „Хобит“ од 50 илјади фунти, било сооштено од аукциската куќа. Килбрајд била инвалид и Токлин цел живот и испраќал писма и честитки и ја снабдувал со примероци од своите книги. На вчерашната аукција во Оксфорд било продадено и нејзино писмо во кое му се заблагодарува на писателот со коментар дека мора да се забавувал додека ги цртал мапите. Популарната книга за млади, но и нејзиното продолжение, „Господар на прстените“ за големото платно ги адаптирал Питер Џексон.