Пред полни триесет години, раѓањето на Луис Браун, првото бебе зачнато со ин-витро оплодување, била вест која одекнала ширум светот, а овој 25 јули нејзиниот роденден беше вест која повторно го привлече вниманието на светските медиуми.
Луис Браун денеска е мајка на 18-месечно дете и се што сакала во оваа прилика е нејзиниот роденден да помине без многу помпа. Браун живее во Бристол со сопругот и синот и работи како администратор. Со нејзиното раѓање создадена е голема надеж за милиони парови кои дотогаш не можеле да имаат деца.
За необичниот начин на оплодување на Луси и кажале малку пред да тргне на училиште, а и нејзината четири години помлада сестра, Натали, зачната е во епрувета, и тоа како четириесетто такво бебе на светот.