Во градот на Рацин, Велес, на шести и седми ноември, со „широко отворени шимшир порти“, се слеаја нови поетски и ликовни дела, како одраз на креативното литературно и ликовно творештво на младите Рацинови следбеници.

На манифестацијата „Детски Рацинови средби“ што по 51. пат се одржа во организација на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ и општина Велес, осмодделенката Софија Алачкоска од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид, освои прва награда за поетската творба „Рацин вчера, денес и утре “ под менторство на наставничката по македонски јазик и литература, Фила Вероска-Стојковска.

OhridNews