Натпреварите од Првата и Втората македонска фудбалска лига кои се на програмата викендов ќе се одиграат пред празни трибини.
Вака одлучи Фудбалската федерација на Македонија по препораката на Минестреството за Внатрешни работи по новонастанатата ситуација во државава.
– Базирано на последните случувања во Куманово, во моментов најмалку лошо решение е да се игра вака, без публика на сметка на фудбалскиот амбиент. Овие мерки се донесени заеднички со МВР и сметаме дека се неопходни, поради што ова коло ќе постапиме вака. Се надеваме дека следното коло работите ќе се смират и ќе се сталожат и повторно фудбалот ќе се игра во во вистински спортски амбиент. – рече комесарот за натпреварување при ФФМ Васко Дојчиновски за Спортмедиа.
Лидерот на табелата во Првата лига, Вардар со победа во претпоследната рунда против Ренова ќе мора титулата да ја прослави пред празни трибини.
Мх.П.