Одложениот натпревар од 18-то коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Гостивар и Вардар ќе се одигра во вторник на охридскиот стадион „Атина Бојаџи“.
Натпреварот беше одложен поради временските неприлики кои не овозможија прволигашки фудбал во Гостивар.
За актуелниот првак ова ќе биде четврт натпревар сезонава во Охрид откако ги одигра мечевите со Еуромилк и Турново во националното првенство и куп пресметката со Металург.
Избраниците на Боби Милевски со победа против Гостивар во Охрид ќе се вратат на врвот, а на Гостивар неопходни му се бодовите за опстанок во елитата.
Мх.П.