Фудбалерите на Охрид, викендов, ќе ги продолжат контролните натпревари во зимскиот подготвителен период. „Рибарите“,  утре (сабота) силите ќе ги одмерат со Пелистер на Стадионот ФК Караорман во Струга.

Тест средбата со битолчани за охридските фудбалери ќе биде втора во досегашните подготовки. Во првиот контролен натпревар, охриѓани со 2-0 ја совладаа српка Јагодина. На спротивната страна, битолските „зелено-бели“ до сега одиграа три натпревари на кои два победија и еднаш ремизираа.

Натпреварот помеѓу Пелистер и Охрид се игра в сабота во 12 часот, а поради мерките и протоколите за време на пандемијата на коронавирусот не се дозволени гледачи на трибините.

Викендов на терените во Охрид ќе се одиграат две тест средби. Второлигашот Тетекс ќе се сретне со Јагодина, а Велешта ќе се судри со Ренова.

OhridNews