Минимален триумф на Охрид над Новаци со 1-0  кој Широко ги отвара прволигаШските порти за охриЌани. “Белите” до победаа сигнаа со погодокот на  “џокерот” Речкоски 15 минуту пред последниот судиски свиреж.


Голот на Речкоски дојде како награда за макотрпната работа и серијата шанси кои охриѓани ги створија но не успеаа да ги реализираат.

Гостите добро организирани со ултрадефанзивна тактика ги затворија сите приоди кон голот на Трјачески. Нически од слободен ја погоди рамката на голот но внимателен беше гостинскиот голман. Офанзивниот Дејкоски имаше убава можност натрча на еден отпадок но неговиот волеј заврши за малце над голот.

Врменските прилки драстично се сменаа на стартот на вториот дел, и сончевото време се претвори во ветровито невреме, а силниот дозд им создаваше дополниелни проблем на домашните.

Продолжи атакот кон голотот на “жолтите” кои на голот го имаа расположениот Трајчески кој рефлексно реагираше на ударот со глава на Клечкароски, потоа ги стопираше ударите на Нически, Митрески И Далчески.

Дождот прекина изгреа сонце кое ги огреа охриѓани. На 15 минути пред крајот капитулираше Трајчески , по одличниот центаршут на Митрески, Речкоски со глава со одмерен удар ја затресе мрежата за огромна радост на домашните.

По обезбедената предност, охриѓани го конторлираа текот на мечот не доволувајки тенката предност да биде анулирана . По поразот во Охрид, Новаци шансите за опстанок ги сведе на теорија.

М.Постоловски