Тимот на Младост од Царев Двор натпреварот од втората рунда во Првата македонска фудбалска лига против Ренова ќе го одигра на охридска арена „Атина Бојаџи“.
Од сезонава „зелено белите“ се членови во елитата и по неможноста да играат на својот стадион за домашен го имаат пријавено охридскиот.
Во неколку наврати минатата сезона Младост настапуваше во Охрид и забележуваше одлични резултати.
Исто така во Охрид новајлијата во Првата лига ќе ги брка првите бодови откако на премиерата претрпеа пораз од Шкендија 3-1.
Ohridnews