Македонската репрезентацијата составена од фудбалери кои доаѓаат од Првата лига претрпе пораз од Кина 2-0 во првиот контролен натпревар.

Кинезите погодоците за победа ги постигнаа во вториот дел откако во првиот мрежите мируваа. Погодокот за водство го постигнаа во 61-та минута, а победата ја запечатија во 89-та минута.

Македонија против Кина ќе одигра уште еден натпревар и тоа за четири дена и ќе ја заврши кинеската мисија.

Мх.П.