Здружението на фудбалски прволигаши на Македонија испрати известување до владата и Фудбалската федерација на Македонија, во кое побара преземање на мерки за клубовите од нашата елитна категорија заради сопирањето на шампионатите.
Клубовите бараат намалување за 50% на давачките за пензиско и инвалидско осигурување на фудбалерите и вработените лица. Прволигашите се залагаат да добијат субвенционирање на платите за фудбалерите и вработените за периодот додека трае паузата поради пандемијата.
Продолжението на шампионатот е неизвесно и сигурно нема да стартува пред месец мај.
OhridNews