Учениците од еден клас во албанбанско средно училиште одлучиле да се пошегуват со својот професор на 1 април така што сите се напиле седативи и заспале на часот, јавиле локалните медиуми.
Сите 20 ученици во класот во училиштето во Саранда се напиле по една или две пилули дијазепам, кој го набавиле во аптека. Професорот многу се уплашил кога видел дека целиот клас длабоко спие, и сите ученици веднаш биле префрлени во болница каде што била откриена невкусната шега.
Директорот на училиштето ја нарекол невкусната шега колективен идиотизам.