Шаховскиот клуб „Младинска шаховска школа“ Струга во соработка со ШК „Лаксер“ од Охрид го организираат првото Регионално младинско првенство за шах „Lake Queen School Cup 2023“ наменето за деца од основните училишта од општините Струга, Охрид, Вевчани и Дебрца.

Настанот ќе се одржи на 6 мај, сабота, со почеток во 10:30 часот во ПУ „Јахја Кемал“ во Струга. На настанот ќе учествуваат преку 100 млади шахисти од овие четири општини, информираат организаторите.

Додаваат дека пријавувањето за учество на првенството е до 5 мај (петок) на емаил адресите [email protected] и [email protected].

Настанот е дел од Меѓународниот младински шаховски фестивал „Езерска Кралица 2023″ кој го организираат веќе четири години.

OhridNews