Бразилската манекенка се појавила синоќа на Мет Гала балот во Метрополитен музејот, кој традиционално од 1995 година го организира уредничката на списанието „Вог“ Ана Винтур. Адриана Лима, која пред само три дена објави дека се разведува од српскиот кошаркар Марко Јариќ, се појавила на гламурозната забава во едноставен фустан со корсет. Сепак, на присутните им било чудно што Адриана не била полетна и весела бидејќи насмевката е нејзиниот заштитен знак.
Да потсетиме, парот во петокот објавил ексклузивно соопштение за списанието „Пипл“ во кое потврдиле дека се разведуваат. Инаку, Адриана и Марко се запознале пред осум години на една забава во Лос Анџелес, а се вериле две години подоцна. Имаат две ќерки, Валентина и Сиена.