Првото новороденче во Охрид во 2008 година е машко. Го роди Букурие Османоска и се вика Харун.
Денеска претпладне на Гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид, Градоначалникот Александар Петрески на пригоден начин го даруваше првото новороденче во оваа година.
Подарок за првото новороденче
Покрај честитките и желбите за добро здравје и долг живот на мајката Букурие Османоска и нејзиниот новореден син Харун, Градоначалникот Петрески им врачи пригодни подароци како и штедна книшка со влог од 10 илјади денари со која традиционално Општината го дарува првото новороденче во годината што настапила.
ohridnews