На Регионалниот натпревар по прва помош кој се одржа во Скопје екипата на Црвен крст Охрид во конкуренција на 16 екипи од северозападниот регион го освои највисокото прво место.

Екипата по прва помош во состав: Кристијан Лошкоски, Ивана Котеска, Стефанија Битолкоска, Андреј Пуфтоски, Симона Новеска и Марио Ѓорески, ученици и претставници на СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид, е победничката екипа на 50-тиот Општински натпревар по прва помош кој се одржа во април годинава. Следуваат подготовки за Државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во септември 2024 година, информираат од Црвен крст Охрид.

Упатуваат честитки до екипата постигнатиот успех како и благодарност до менторите вклучени во подготовката на екипата, волонтерите на Црвен крст Охрид (актери и шминкери на реални повреди) и до домаќинот на Регионалниот натпревар, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Гази Баба.

OhridNews