Пионерската екипа од охридскиот стрелачки клуб го освои првото место во екипна конкуренција триумфирајќи во Купот по Национална програма кој се одржа во Велес.

Да биде задоволството поголемо во Стрелачкиот клуб Охрид се погрижи Пантелејмона Ристеска која заврши на првото место поединечно. Во првите пет пласман обезбедија Драгана Локоска (4 место) односно Теодора Спироска (5 место) со кој го заокружија успехот на охридските стрелци.

OhridNews