Во спортската сала при ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се одржаа општинските натпревари во одбојка во машка и женска конкуренција. Во конкуренција беа 3 екипи во машка и 2 во женска конкуренција.

Во првиот натпревар во машка конкуренција помеѓу ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски” и Гимназија после изгубениот прв сет „Гимназијалците” се реорганизираат и го добиваат натпреварот со 1:2 во сетови.(26:24;16:25;10:15) со што се пласираат во финалниот натпревар против СОСУ „Св. Кирил и Методиј”. Вториот натпревар беше финале во женска конкуренција помеѓу екипите на СОСУ „Св.Кирил и Методиј” и ОСУ „Св.Климент Охридски“ во кој „Гимназијалките” со 1:2 во сетови ги совладаа „Економистките” (20:25;25:19;8:15), велат од училиштето.

Третиот натпревар, додаваат, бил финале во машка конкуренција помеѓу Економско и Гимназија во кој „Гимназијалците” заслужено победиле со 0:2 во сетови. (12:25;17:25).

Гимназиските екипи ги продолжуваат натпреварите во зонска конкуренција.

OhridNews