Викендов на стрелиштето Бејбунар во Охрид се одржа вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма, а истовремено и припреми на македонскта репрезентација со врвни тренери по спортско стрелаштво од Србија.

Припремите (кампот) кои се 4-ти по ред од циклусот на обуки на домашни тренери и стрелци вродија со плод. Имено, резултатите кај речиси сите учесници на камповите одат во нагорна линија, па така и на овај Куп постигнати се солидни резултати, информира организаторот.

Од нашите стрелци во категорија на возудушен пиштол – јуниори, голем успех постигна младиот Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“, кој со резултат од 550 круга се пласира на првата позиција, а воедно постигна нов личен рекорд, подобрувајки го претходниот за 7 кругови. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК „Охрид“ се пласира на втората позиција со резултат од 538 кругови. Младиот Никола Тодороски пак од СК „Охрид“ за кого ова е втор настап на првенствата, се ппласира на 4-тата позиција со резултат од 495 кругови.

Кај сениорите на пиштол, Ванчо Каранфилов од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на 3-тата позиција со резултат од 542 круга, неговиот клупски другар Даниел Михајловиќ се пласира една позиција подолу со резултат од 540 круга, додека пак Велибор Балоски заврши како 6-то пласиран со резултат од 523 кругови.

Кај јуниоките на пиштол, Стефани Савеска овајпат мораше да се задоволи со вицешампионската позиција со резултат од 536 кругови. Стефанија Вељаноска од СК „Охрид“ е третопласирана јуниорка, додека Наталија Савеска заврши како петтопласирана со резултат од 507 кругови. Младите Милица Кочовска, Верица Божиноска и Елена Јанеска се пласираа на 8-та, 9-тата односно 10-тата позиција. Кај сениорките на пиштол Валентина Гоџоска се пласира на вицешампионската позиција со резултат од 516 круга.

Кај јуниорките на пушка Теодора Спироска од СК „Охрид се пласира на 7-мата позиција со резултат од 586,9 кругови, Драгана Локоска на 10-тата позиција со резултат од 579,6 кругови, додека Ана Танеска се пласира на 14-тата позиција. Свој дебитантски настап имаше и малата Деа Стојаноска која оствари резултат од 503,2 круга. Стефанија Стефаноска забележа резултат од 501.9 кругови. Кај сениорките на пушка на вицешампионска позиција се пласира Ива Маленко од СК „Охрид“ која имаше значителен резултатски пад во однос на претходниот натпревар, но сепак доволен да ја завземе втората позиција со постигнат резултат од 585.7 кругови.

Резултатски пад имаше Кристијан Балоски од СК „Охрид“ кој во јуниорска категорија во дисциплината пушка се пласира на 5-тата позиција со резултат од 592.0 круга.

Веќе од утре започнуваат подготовките за следното меѓународно натпреварување во Сандански, Р. Бугарија, како и учество на нови подготовки на дел од членовите од охридските стрелачки клубови на циклусот кампови по спортско стрелаштво во организација на МССФ, ИССФ МОК И ИОК.

OhridNews