Старлетата Ким Кардашиан, која пред седум седмици ја добила ќерката Норт Вест, прв пат се појавила во јавноста така што во видео порака на својата мајка Крис Џенер и честитала на новото шоу. Таа во пораката рекла дека сака само да и честита на новото шоу. И било жал дека не е со неа, но моментално уживала во животот. За време на емисјата во која била пуштена пораката гостин бил раперот Пи Диди.
Како што пренеле американските медиуми, старлетата која се прославила со реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“, нема да се појавува во јавноста додека не ги симне килограмите кои ги добила во бременоста.