Производители на леб во Македонија, но и индивидуални лица, ќе земат учество на првото издание на Фестивалот на лебот, што ќе се одржи денеска во ресторанот „Ореов лад“ во Скопје. Организатори на манифестацијата се Балканија – Балканска асоцијација за Алтернативен туризам АППТРМ – Агенција за подршка и промоција на туризмот на Македонија , Ресторан Ореов Лад и НВО – Вршник подржани од Фондацијата на Есма и Стево Теодосиевски.
Фестивалот на лебот ќе ги презентира лебовите карактеристични за различните региони во Македонија, како и на етнипките заедници кои живеат во неа. На фестивалот ќе бидат промовирани дел од обредните лебови и лебови кои домаќинките ги подготвуваат за семејните слави.
Сите презентирани лебови на крајот ќе бидат понудени на аукција на учесниците, а собраните средства ќе бидат донирани во Детската болница во Демир Капија.