Ученикот во 5-то одделение во ОУ „Григор Прличев“ – Охрид, Лео Нелоски, под менторство на учителката Нина Ристеска, на Државниот натпревар по природни науки – “Месец на науката ноември 2018”, во конкуренција на околу 150 деца освои две високи награди.

Во категоријата Географија на тема: Европа + држави, главни градови, државни знамиња Лео Нелоски го освои првото место, а во кагеторијата Физика на натпреварот што се одржа на тема магнетизам тој го освои второто место.

OhridNews