На Државниот натпревар во гаѓање со пиштол за резервни офицери, што се одржа изминатиот викенд во Оризари, организацијата на резервни офицери „Благојче Крстаноски“ од Охрид освои прво место поединечно и второ место во екипна конкуренција.
Во поединечна конкуренција Миларем Билаловиќ со 76 круга беше најдобар на натпреварот, додека екипно охридската екипа во состав: Миларем Билаловиќ, Благоја Ѓорѓиески и Диме Србиноски со 168 круга го освои второто место.
На натпреварот учествуваа екипи од сите градови на Македонија.
Г.М.