Овој викенд на 8 октомври во сабота екипата на ГРК Охрид на гостински терен во Струга.

Капитенот на ГРК Охрид, Крсте Андоновски вели дека овој викенд го играат првото Езерско дерби сезонава, а натпреварите се интересни за следење поради ривалството на девете екипи.

Без сомнение ова ќе биде тешко гостување. Струга има респектабилна екипа, но се надевам дека ние ќе извојуваме победа, вели Андоновски.

 

Натпреварот ќе се одигра во салата „Нико Нестор“ со почеток во 18 часот.

OhridNews