Во Охрид денес ќе се одржи првото официјално Државно првенство во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација. Првенството го организира клубот „Мастер” од Охрид, како најстар клуб во земјата.
Учесниците ќе се натпреваруваат во форми и спаринг во категориите – деца, млади, постари млади, јуниори и сениори, во машка и женска конкуренција. Натпреварите ќе се одржат во спортскиот центар „Билјанини извори“ во малата сала, а свеченото отворање е предвидено точно на пладне.
Агенцијата за млади и спорт неодамна издаде решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт.
OhridNews