Учесничките на првата „Лидерска академија за жени“ која десетина дена се одржуваше во Охрид, ќе ги добијат своите дипломи во рамки на свечениот настан кој ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Оваа академијата ја организираше клубот „Сороптимист“ од Струга со поддршка на Унијата на Сороптимист од Република Турција и на неа предаваа врвни обучувачи од Германија, Турција, Португалија, Холандија, Нов Зеланд, САД, Хрватска, Данска, Литванија, Италија и Македонија.
Академијата опфати 32 работилници на кои преку активно учење и тимска работа, учесничките имаа уникатна можност да стекнат нови знаења и вештини.
OhridNews