Во рамките на промоцијата на националната Акција „Ден на дрвото, засади ја иднината“ што во Охрид ќе се одржи на 14. овој месец (четврток) бидат засадени и три садници.
Трите садници, во дворот на охридската Гимназија ќе ги засадат промотори на Акцијата меѓу кои и светски познатиот тенор Борис Трајанов и Градоначалникот Александар Петрески, веднаш по завршувањето на промоцијата што ќе се одржи во Општината.
Ќе бидат засадени 2 милиони дрвца
Садниците ги обезбедува општинското ЈП „Охридски Комуналец“ и со нивното засадување ќе се најави на симболичен начин еднодневната национална Акција за пошумување ширум Македонија што ќе се спроведе на 12. Март годинава. Проектот за спроведување на спомнатата Акција предвидува во тој ден да бидат засадени над 2 милиони садници односно колку што има жители во Македонија.
ohridnews