Денеска, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, со чартер лет на холандскиот туроператор Корендон од Амстердам, во Охрид, пристигнаа првите 150 холандски туристи. Во 10 часот денеска, на охридскиот аеродром, слета авион од најновата серија на „Боинг Маx“ каде, првите холандски туристи беа пречекани од претставници на туристичката агенција „Фибула Травел Македонија“, партнер на туристичкиот оператор „Корендон“ од Холандија.


Од денеска се до октомври, ќе има три директни чартер летови неделно од Амстердам до Охрид а околу 690 холандски туристи неделно ќе престојуваат на охридско-струшката ривиера. Нивните пакет аранжмани се на база на 7, 10, 11 и 14 дневен престој. Холанѓаните, години со ред, се едни од најбројните туристи кои летуваат на охридско-струшкото крајбрежје и остваруваат најголем број ноќевања.

OhridNews