Дека љубовта на навивачите кон нивните клубови е вечна, докажуваат првите фудбалски гробишта за навивачите во Хамбург, што ги отвори германскиот бундеслигаш „Хамбургер“.
Гробиштата се оддалечени само неколку десетици метри од стадионот. Посебно уредените гробишта потсетуваат на фудбалски стадион, а влезната врата наликува на гол. По цена од 2.400 евра за ковчег со клубските бои или за само 400 евра, колку што чини урна во облик на фудбалерска топка, помеѓу 300 и 500 најверни навијачи на клубот ќе можат да почиваат на овие гробишта.
Резервациите за гробни места веќе започнале, а наредната недела гробиштата ќе го добијат својот прв навивач. Во уредување на овие единствени гробишта во Европа вложени се 50.000 евра од клубските пари. Инаку, првите гробишта за навивачи во светот се отворени минатата година од аргентинскиот клуб „Бока Јуниорс“, но тие за разлика од овие во Хамбург не се во близина на стадионот.